Мисија

и Визија

Државна Видеолотарија на Македонија

За Нас

Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје (ДВЛМ) е трговско друштво со ограничена одговорност за приредување игри на среќа, во заедничка сопственост на Државна Лотарија на Македонија и Касинос Аустриа Интернационал Македонија.

Основната дејност на друштвото е организирање и приредување електронски и интернет игри на среќа пред се за граѓаните на Република Македонија.

Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје е модерна компанија направена по урнек на позитивни примери – европски и светски, успешни државни лотарии, со стручен и искусен кадар, најнова технологија, домаќинско и транспарентно работење.

ДВЛМ работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа.

 

Применуваме најсовремена технологија за сигурност и контрола на безбедноста и квалитетот, а нудиме модерни, интересни и разновидни игри на среќа

ДВЛМ како компанија го разбира значењето на човечкиот капитал. Одговорно се грижиме и вложуваме во развојот на потенцијалот на човечките ресурси. Во склоп на секторот за човечки ресурси, постои политика за грижа околу едукативниот развој и стручната надградба на вработените, што за компанијата ќе значи развој и напредок на долги рокови. За успешно работење, не се доволни компетенциите кои вработените ги поседуваат, потребно е нивно идно усовршување.

ЗА ТИМОТ

Во ДВЛМ функционира стручен и искусен кадар, работиме транспарентно со две големи цели пред себе – да создадеме модерна мрежа на игри на среќа, а воедно да придонесеме да се збогати понудата за забава на граѓаните на Република Македонија. Преку континуирано подобрување на работните услови, поттикнување на личен развој и примена на систем на наградување, создаваме работно опкружување кое ќе биде темел на успехот на компанијата.

Организациски Вредности

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ

Поседуваме потребно знаење и вештини, работата ја извршуваме компетентно, лојално, одговорно и продуктивно.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Со своето работење на општествено одговорен начин сакаме да ги ускладиме очекувањата на играчите, вработените и општественото опкружување. Со тоа сакаме да допринесеме на подобрување на квалитетот на живеењето.

ЕТИЧНОСТ

Ги почитуваме општествените и етички норми, принципиелно ги спроведуваме превземените обврски кон играчите, вработените и општественото опкружување.

РАЗВОЈ

ДВЛМ е компанија која учи, поттикнува и овозможува развој на вработените, прифаќа и шири нови знаења, поттикнува тимско работење, отворена и прецизна комуникација, како и креативност во функција на индивидуалниот раст и растот на компанијата.

иГРИТЕ НА СРЕЌА СЕ ЗАБРАНЕТИ
ЗА ЛИЦА ПОМЛАДИ ОД 18 ГОДИНИ

Друштво за приредување на игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје.

Локација и работно време

Премиум бизнис центар, бул. Киро Глигоров бр. 2 кат 2, Скопје, Република Северна Македонија