Повеќето од луѓето се обложуваат во рамки на своите можности, но ако чувствувате потреба да го контролирате вашето обложување, следните совети може да ви се од помош:
Водете сметка за времето поминато во игра. Обложувањето треба да биде забава, не да го сметате за начин на заработување на пари. Потрошете го само тоа што сте спремни да го изгубите, немојте да ја бркате добивката. Сите игри на среќа се дизајнирани да обезбедат предност за приредувачот. Добивката е резултат исклучиво на вашата среќа. Не постојат шеми на игра кои гарантираат добивка за учесникот.
Ако сте родител, чувајте ја вашата лозинка на безбедно, а можете да користете и софтвер за да го блокирате пристапот на страните за обложување на вашите малолетни деца.
Ако сакате да се одморите од обложување, 2win има опции за самоисклучување кои се достапни во менито „Моја сметка“, или контактирајте ја корисничката поддршка на support@2win.mk за повеќе информации.
Барање помош за зависноста е логичен избор на личноста која е во индискретна ситуација предизвикана од компулсивна игра. Разговорот со стручен кадар помага и го насочува поединецот да го реши проблемот. Советувањето е бесплатно.
Политиките на Државна видеолотарија на Македонија за одговорно играње и приредување на игри на среќа се темелат на превенција и едукација. Во таа насока, ние настојуваме сето ова да го популаризираме, со цел да и го доближиме на широката јавност. За таа цел, дополнително, во соработка со Здружение на клубови на лекувани зависници, креиравме веб страна со цел да се пружаат директни информации, стручна помош и психо-социјална поддршка на лицата зависни од игри на среќа, но и кон нивните семејства како директно засегнати во квалитетот на семејното функционирање (повеќе информации).
Користејќи ги комуникациските канали, сакаме играчите да добијат прилика да се едуцираат и информираат за активности во врска со играњето на игри на среќа, да се насочат кон свесно одбирање на игрите на среќа и учествување во нив. Крајната цел е да се превенира појавата на патолошкото играње во нашето општество.
Одговорното приредување на игрите на среќа подразбира давање на информации на играчите, без разлика дали станува збор за веројатност на добивките или за превенција за прекумерното играње игри на среќа, за да можат тие во секое време да донесат исправна одлука за своето учество во играта. Сите информации треба да бидат исправни, прецизни и навремени. Информациите треба бидат поставени на видливи места, за да може секој играч да ги забележи.
Со цел да се спречат негативните последици од играњето игри на среќа, ДВЛМ посвети посебно внимание на утврдување на стандардите со кои се овозможува реализирање на политиката на одговорно приредување на игри на среќа, но и политиката на одговорно играње. Ова се прави за да се намали ризикот за сите играчи, посебно на тие кои припаѓаат на ранливите општествени категории.
Политиките на Државна видеолотарија на Македонија за одговорно играње и приредување на игри на среќа се темелат на превенција и едукација. Во таа насока, ние настојуваме сето ова да го популаризираме, со цел да и го доближиме на широката јавност. Користејќи ги комуникациски канали, сакаме играчите да добијат прилика да се едуцираат и информираат за активности во врска со играњето на игри на среќа, да се насочат кон свесно одбирање на игрите на среќа и учествување во нив. Крајната цел е да се превенира појавата на патолошкото играње во нашето општество.
Невропсихијатар
Психијатар
Психијатар
Социјален работник
Друштво за приредување на игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје.
Премиум бизнис центар, бул. Киро Глигоров бр. 2 кат 2, Скопје, Република Северна Македонија