ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА како приредувач на игри на среќа е долгорочно посветена на почитување на принципите на општествена одговорност и унапредување на здравјето и безбедноста на своите корисници и вработени.
ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се обврзува целосно да ги почитува законските барања, Европскиот стандард за одговорно играње и интерните политики за одговорно играње.
ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА обезбедува соодветни обуки и информации на вработените и деловните соработници за одговорно играње, препознавање на проблематично обложување и насоки за помош на лицата со потенцијално проблематично обложување.
ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се осигурува дека игрите кои ги нуди се усогласени со законските и регулаторни барања, со јасно и јавно објавени правила и шанси за добивка и се преземени сите мерки за минимизација на ризиците од предизвикување на негативен социјален импакт.
ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА го ограничува пристапот кон своите производи и услуги само на лица со навршени 18 години или постари и го забранува учеството во игрите на среќа на лица под 18 години.
ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА обезбедува јавно и јасно достапни информации за одговорно обложување, референци кон институции кои нудат професионална помош за зависности, како и алатки за самоконтрола и саморегулација на учесниците во игрите на среќа, секаде каде е технички возможно.
ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА во своето рекламирање и маркетинг активности се придржува до принципите на социјална одговорност, не се користи со измамнички или лажни пораки и не таргетира во своите пораки лица под 18 години, лица со потенцијална зависност од игри на среќа и припадници на ранливи групи.
ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се вклучува во јавен дискурс со клучните заинтересирани страни во врска со прашањата за одговорно играње и проблематично обложување и ги интегрира заклучоците од овие дискусии во своите стратегиски процеси на одлучување.
ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА соработува со академската заедница и релевантни институции во истражувања и студии за проблематично обложување и во примената на новите сознанија во идните мерки за одговорно играње.
Врвното Раководство на ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА периодично извршува ревизија на реализираните активности, политики и стратегии, со цел да ги утврди соодветноста, применливоста и ефективноста на овие мерки и континуирано ги унапредува.