Државна видеолотарија со донација за скијачкиот клуб Пелистер од Битола

Државна видеолотарија донираше 100.000,00 денари на Скијачкиот клуб Пелистер од Битола. Наша цел е да им овозможиме на младите скијачи да добијат шанса да бидат дел од меѓународни натпревари.

Со 100.000, 00 денари донација, Државна видеолотарија го помогна скијачкиот клуб Пелистер од Битола. Со овие средства младите и талентирани скијачи, кои се дел од овој клуб, добиваат нов предизвик и мотив, да се учествуваат во национални и меѓународни скијачки натпревари за сезоната 2018.2019. Децата скијачи од овој клуб, благодарение на оваа донација, во април, ќе отпатуваат во Франција за да бидат дел од едно меѓународно натпреварување, во кое ќе ја претставуваат нашата земја.

Децата амбициозно и мошне сериозно работеа на подготовките, па со силен мотив, ќе заминат во Франција. Ние се надеваме дека и од ова меѓународно натпреварување, ќе се вратат во Битола со добри пласмани и медали.

Државна видеолотарија на РМ, во склоп на својата општествено одговорна мисија, ќе настојува и во иднина да ги мотивира и поддржува младите и талентирани луѓе. Нашата цел е да обезбедиме да се негуваат спортскиот дух и вистинските вредности, особено кај најмладите, кои се нашата иднина. Државна видеолотарија сериозно ќе се заложи да им овозможи пристојни услови, за да можат непречено да се фокусираат на своите цели.

За млади на возраст под 18 години
забрането е учество во игри на среќа!

Друштво за приредување на игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје.

Локација и работно време

Премиум бизнис центар, бул. Киро Глигоров бр. 2 кат 2, Скопје, Република Северна Македонија